• сабота, 23 ноември 2024

Тонали суспендиран на 10 месеци поради обложување на фудбал, ќе го пропушти ЕП 2024

Тонали суспендиран на 10 месеци поради обложување на фудбал, ќе го пропушти ЕП 2024

Париз, 26 октомври 2023 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Њукасл и Италија, Сандро Тонали е суспендиран на 10 месеци поради обложување во фудбал, пренесува агенцијата „Франс прес“.

Претходно беше објавено дека фудбалерот признал дека се обложувал на натпреварите на Милан кога настапувал за италијанскиот клуб.

Поради суспензијата, 23-годишниот играч за врска ќе го пропушти Европското фудбалско првенство кое следното лето ќе се одржи во Германија.

На 12 октомври се дозна дека Тонали и неговиот италијански репрезентативен партнер Николо Заниоло може да бидат обвинети за нелегално обложување на фудбал.

Тонали во летниот преоден рок дојде во Њукасл од Милан. Вчера се појави информација дека англискиот клуб му се заканува на поранешниот клуб на Тонали со правна постапка. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан