• четврток, 26 декември 2024

Том Хенкс го најави Филмскиот музеј во Лос Анџелес

Том Хенкс го најави Филмскиот музеј во Лос Анџелес
Лос Анџелес, 22 септември 2021 (МИА) - Светската престолнина на филмот и дом на Холивуд - градот Лос Анџелес може да се пофали со музеи за сѐ, но досега немало ниеден посветен на кино. По многу одложувања, Филмскиот музеј на Академијата ќе биде отворен за јавноста следната недела. - Лос Анџелес конечно добива филмски музеј и крајно време беше за тоа! За Лос Анџелес е важно да го има овој филмски музеј, рече Том Хенкс додека ги поздравуваше новинарите на специјалниот настан пред официјалното отворање. Меѓу експонатите се оригинални костими од „Дракула“, фигури од „Господарот на прстените“, „Обликот на водата“, „Војна на ѕвездите"... - Дали ни е потребен кино-музеј? Да. Затоа што треба да го славиме сѐ она што овој град му донесе на светот!, рече Хенкс. - Сакаме да ги претставиме сите меѓународни и разновидни приказни за снимањето филмови, во нашите галерии, изјави директорот на музејот, Бил Крејмер.  си/сд/

Остани поврзан