• четврток, 26 декември 2024

Том Круз се враќа во Кан со „Топган: Маверик“

Том Круз се враќа во Кан со „Топган: Маверик“
Кан, 18 март 2022 (МИА) - Американската филмска ѕвезда Том Круз ќе го претстави продолжението на филмот „Топган“ со поднаслов „Маверик“ (Top Gun: Maverick) на годинешниот 75. Меѓународен филмски фестивал во Кан. - Том Круз се враќа во Кан со филмот „Топган: Маверик“, што ќе биде прикажан на 18 мај, најави организаторот на фестивалот, Тјери Фремо. Том Круз (59) се прослави со својот прв долгометражен филм во 1986 година, а во новиот филм, глуми заедно со Џенифер Конели, Вал Килмер, Ед Харис и други. Годинешното издание на фестивалот ќе се одржи од 17 до 28 мај. Составот на жирито сѐ уште не е познат, додека листата филмови во трката за „Златната палма“ ќе биде објавена на 14 април. Лани, француската режисерка Јулија Дукурно ја доби наградата за своето дело „Титан“.  си/сд/

Остани поврзан