• четврток, 26 декември 2024

Том и Џери го слават 80. роденден

Том и Џери го слават 80. роденден
Лос Анџелес, 10 февруари 2020 (МИА) - Популарните цртани јунаци, мачорот Том и глувчето Џери, неделава прославуваат 80 години постоење. Приказната за мачорот и глушецот кои живеат во иста куќа и постојано се надмудруваат, проткаена со урнебесни ситуации, е измислена во одделението за анимација на филмската продукциска куќа МГМ. Авторите Бил Хана и Џо Барбера имале за цел да го достигнат успехот на Волт Дизни. Првата епизода е објавена 1940 година, при што мачорот на почетоот се викал Џаспер, а глувчето - Џинкс. Постигна огромен успех, па дури и му донесе номинација за Оскар за најдобар кус анимиран филм на студиото. Кратко потоа Џаспер и Џинкс биле преименувани во Том и Џери. Околу тоа дали тие ќе зборуваат, авторите го зеле предвид успехот на немите филмови со Чарли Чаплин, па знаеле оти ликовите можат да бидат забавни и без дијалог. Музиката за цртаниот филм ја компонирал Скот Бредли, а прочуениот човечки врисок на Том го овековечил лично Хана. Првите  20 години, Хана и Барбера произвеле над 100 кратки цртани филмови и секој чинел во просек по 50.000 долари. Цртанките се појавија и во неколку играни филмови - Џери се дружеше со Џин Кели во „Подигнете ги сидрата" од 1945 година, а потоа двајцата со Том се појави покрај Естер Вилијамс „Опасно е кога е влажно" (1957). Откако МГМ го затвори студиото за цртани филмови 1957 година, Хана и Барбера покренаа своја продукциска команија. По неколку години МГМ одлучи да ги оживее Томи и Џери, но без оригиналните автори. Продукцијата потоа е преместена во Прага, Чешка, поради помали трошоци. Пред неколку години, египетските власти се обидоа да го обвинат цртаниот филм за растот на насилство на Блискиот Исток, а пак иранските власти во една прилика ги споредија односите на земјата со САД со оние на Том и Џери. Бил Хана почина во 2001 година, а Џо Барбера во 2006 година. Правата за прикажување на цртаните филмови „Том и Џери“ денес ги поседува компанијата Ворнер Брос. Се планира и нов филм пред католичкиот Божик оваа 2020 година. си/сд/

Остани поврзан