• сабота, 23 ноември 2024

Том Брејди, наводно, упатил скриена, но јавна порака до Жизел Бундшен

Том Брејди, наводно, упатил скриена, но јавна порака до Жизел Бундшен

Лос Анџелес, 24 март 2023 (МИА) - По интервјуто на неговата поранешна сопруга, Бразилката Жизел Бундшен, каде што таа зборува за нивниот развод, случајно или не, американската рагби-ѕвезда Том Брејди на својот Инстаграм-профил сподели цитат во којшто се говори за предавство.

„Што е успех? Да се ​​смееш често, и многу. Да се ​​здобиеш со почит од интелигентните луѓе и наклонетост на децата. Да ја заслужиш почитта на искрените критичари и да го преживееш предавството на лажните пријатели. Да ја цениш убавината, да го најдеш најдоброто во другите, да го направиш светот малку подобро место. Да знаеш дека еден живот е подобар поради тебе. Тоа е успех“, гласи објавата со зборовите на писателот Ралф Валдо Емерсон.

Жизел во гостувањето за списанието „Венити фер“ (Vanity Fair), меѓу другото, ги отфрли гласините дека „му дала ултиматум“ на Брејди за да се пензионира од спортот.

Том Брејди сѐ уште официјално не се изјаснил по интервјуто. Во тој разговор манекенката објасни како дошло до разделба - двајцата сакале различни нешта и рече дека таа не е причината поради којашто Брејди ја напуштил спортската кариера. Претходно таа изјавуваше дека секогаш ќе го поддржува.

Познатиот пар се разведе во октомври лани, по 13 години в брак. Заедно го имаат 13-годишниот син Бенџамин и 10-годишната ќерка Вивијан.  си/

Фото: ЕПА; Инстаграм.

Остани поврзан