• понеделник, 29 јули 2024

Томовски: Ќе и приредиме изненадување на Русија

Томовски: Ќе и приредиме изненадување на Русија
Kаиро, 22 јануари 2021 (МИА) - Голманот на македонската ракометна репрезентација Мартин Томовски ги сподели своите очекувања за денешниот натпреварот со Русија од 2. коло во Главната фаза по групи на Мундијалот. - Сите натпревари на турнирот се тешки, но нема да се предадеме. Ветувам, ќе дадеме сè од себе за да и приредиме изненадување на Русија, го цитира Томовски прес-службата на Меѓународната ракометна федерација. Натпреварот ќе се игра попладнево со почеток во 15:30 часот. Во моментов Русите се четврти во групата со три бода, Македонците немаат освоено бод. На првите три места се Шведска со пет, Словенија и Египет со по четири бода, Белорусите имаат два. Во четвртфиналето на светскиот шампионат одат двете првопласирани од секоја група. зс/

Остани поврзан