• петок, 27 декември 2024

Томовски: Секој трет граѓанин е сиромашен, пензионерите се едни од најзасегнатите категории 

Томовски: Секој трет граѓанин е сиромашен, пензионерите се едни од најзасегнатите категории 

Скопје, 14 јануари 2024

 

Почитувани,

600.000 граѓани во Македонија живеат во сиромаштија, 80.000 од нив живеат во апсолутна сиромаштија со по 80 денари на ден.

Со СДС и ДУИ буквално секој 3 граѓанин е сиромашен.

Власта не прави ништо да го реши систематски проблемот. Да тргнеме од почеток. Пензионерите се едни од најзасегнатите категории за пад во сиромаштија. Бројките говорат дека во Македонија 96.000 пензионери земаат пензии до 13.300 денари, 60.000 пензионери од 13.300 до 16.000 денари, а 86.000 пензионери од 16.000 до 22.000 денари. Сите овие три категории, а особено првата и втората во која спаѓаат 156.000 пензионери едвај врзуваат крај со крај. Тоа во голем број на случаи се лица кои имаат потреба од лекови, што дополнително ги става во мизерија.

И сега власта наместо трајно да го реши проблемот и да им помогне со реални мерки, таа одбира да изврши поткуп со 1.000 денари до избори.

Почитувани претставници на власта,

Пензионерите не се наивни, и нема да наседнат на вашите манипулации. Потребна е реална помош за пензионерите и таа ќе ја обезбеди ВМРО-ДПМНЕ со линеарно зголемување од 5.000 денари. Само така ќе им се помогне на најранливите да излезат од сиромаштијата.

Дополнително голем е процентот и на невработеноста, тоа се луѓе кои не примаат никакви примања и најчесто се издржувани од некој член на семејството. Власта не направи ништо да ја поттикне економијата и да креира нови работни места. Единствено што поттикнува е иселувањето. Според просекот на ДЗС годишниот просек на иселување е 12.000 луѓе.

Македонија со СДС и ДУИ осиромашува и се празни. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!

Со почит,

Интегрален текст од изјава за медиуми

Говорник: Ивица Томовски , член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО - ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан