Томовски: Ковачевски дава 400.000 евра за четиридневна саемска промоција на омилената рејтинг агенција
- 31 август 2022
Владата на Димитар Ковачевски, преку генералниот секретаријат во еден ден доделила два тендери во вкупна вредност од близу 400.000 евра на главниот анкетар на антимакедонската СДС, агенцијата РЕЈТИНГ СП-М ДООЕЛ Скопје, во сопственост на Никола Спасов, и тоа за осмислување и реализација на активности за учество на државата на 4-дневен Саем на вино, храна и туризам во Белград, и за осмислување и реализација на 1-дневен Фестивал на храна и вино во Македонија.
Покрај бројните нарачани анкети своевремено агенцијата Рејтинг, била партиско биро за вработување на кадрите на антимакедонската СДС, имено истата анкетната куќа е фирмата од која што доаѓа Мартин Попов, сега шеф на кабинет на премиерот Димитар Ковачевски.
Омилената рејтинг агенција на антимакедонската СДС во услови на криза и огромна сиромаштија, кога 500.000 наши сограѓани живеат со по 150 денари на ден, од владата на Ковачевски и нивниот поранешен вработен Попов добива близу 400.000 евра.
Нерационално и криминално е да се трошат 400.000 евра народни пари во криза и општа сиромаштија, за работи за кои можат да се завршат и од страна на владините агенции, криејќи се зад превезот „промоција на Македонија“ практично плаќаат за партиска промоција во иднина.
Нејасно е, што точно агенцијата Рејтинг треба да изработи за владата за саемска промоција за 4 дена, и истото да го наплати 400.000 евра.
Дали со тие пари де јуре се покриваат само електронските флаери кои што ги видовме на фејсбук страницата на Димитар Ковачевски, а де факто се покриваат нарачаните анкети на партијата во иднина?
СДС треба да знае дека анкетите во реалност се прават за реални цели, а не за хранење на и тие малку партиски членови, кои ја имаат изгубено довербата во нив.
Ниедна таканаечена промоција или анкета ќе ги спаси од пораз.
Но за парите на граѓаните кои немилосрдно ги трошат во време на криза ќе мора да одговараат.
Прашање: Како ја коментирате вчерашната изјава на американската амбасадорка Брнс која обвинуваше за корупција и непотизам?
Одговор: Тоа е само потврда и од нашите стратешки партнери, дека кога е СДС на власт во Македонија цвета криминал, корупција и непотизам. Колку побрзо си заминат од власт СДС, во Македонија толку побрзо криминалот, корупцијата и непотизмот ќе станат минато, а Македонија ќе стане демократска држава.
Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.