• петок, 27 декември 2024

Томовски: Владата среде криза дала 400 илјади евра на Рејтинг

Томовски: Владата среде криза дала 400 илјади евра на Рејтинг
Скопје, 1 септември 2022   Почитувани, Владата среде криза дала 400 илјади евра на Рејтинг, за да ја нема Македонија во рекламите. Не само што владата во ек на криза фрла 400 илјади евра за саемска промоција за 4 дена, односно по 100 илјади евра за еден ден, туку и со тие пари плаќа забранување на името Македонија во рекламите и промоцијата. Владата на антимакедонската СДС плаќа за да ја нема Македонија, а производите да не смеат да се ословуваат како македонски. Владата на Ковачевски со народни пари директно удира врз идентитетот и врз економската промоција на државата која треба да ползува од брендот македонски, кој е граден со децении, а за кој тврдеа дека е заштитен, за сега да сведочиме за спротивното. Имено од владата бараат сите производи кои ќе се презентираат да немаат национално лого, и дополнително се бара од компаниите производите кои ќе ги презентираат да одат на проверка во владата, за да можат да се осигураат дека нема да се спомнува Македонија и македонско. Ова почитувани, значи дека македонските вина, сирења, ајвар, кондиторски производи итн., нема да се презентираат како македонски. И сето ова бришење на Македонија и македонски го прави Ковачевски и неговата партиска анкетна агенција Рејтинг, која за еден ден саемска промоција и забрана на Македонија и македонски добива 100.000 евра на ден. Ковачевски да одговори, дали владините служби за многу помалку пари не можеле да изготват целосна презентација и организација, или всушност се плаќа Рејтинг, за преку нив да оди бришењето на Македонија, а не директно преку владата? Или пак со ова де факто се плаќаат идните партиски услуги за СДС? Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан