• среда, 18 декември 2024

Томовски: Владата да се произнесе за предлогот бугарските позиции да влезат во рамка за преговори во ЕУ

Томовски: Владата да се произнесе за предлогот бугарските позиции да влезат во рамка за преговори во ЕУ
Скопје, 17 јуни 2022 Зошто владата нема став за предлогот за Македонија кој беше објавен во медиумите. Вчера во медиумите беше објавен таканаречен предлог каде наводно се вели дека земја членка ќе предложи тргање на ветото за Македонија од Бугарија, а за услов ќе биде обврската бугарските позиции изразени преку бугарската декларација, договорот за добрососедство и барањето за промена на Уставот да станат дел од преговарачката рамка во преговорите со Македонија. Досега официјална потврда нема од релевантните извори, додека владата на Македонија молчи. Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ на ниту еден начин не е информирана за овој предлог, а владата одамна ги крие преговорите од ВМРО-ДПМНЕ се чувствуваме повикани да потенцираме и апелираме на неколку работи, пред се водени од можните штети и катастрофалните последици кои може да се случат. Прифаќањето на таканаречениот предлог значи бугаризација на Македонија и сето тоа да стане дел од преговарачката рамка и услов на кој мора Македонија да се согласи за да стане членка на ЕУ. Ова значи или ќе прифатиме бугаризација на државата или нема да се исполни условот, а Македонија би останала вечно пред портите на ЕУ. Воедно не ја исклучуваме можноста овој предлог да биде искористен како маша на противниците на идејата за Европската Унија, и воедно да се влијае на создавање на евроскептицизам. Главното прашање после ваквиот нокаут за дипломатијата на Ковачевски и Османи е што правеа додека се пишуваше таканаречениот предлог? Зошто молчат и кој е нивниот став за оваа катастрофа. Ковачевски се смешкаше на провокацијата дека сме Западна Бугарија, а денес молчи за таканаречениот предлог. Ако цената е да се направи бугаризација а за возврат да се интегрираме во ЕУ тоа е цена која не сме подготвени да ја платиме бидејќи жртвувањето на идентитетот за ВМРО-ДПМНЕ нема цена. Предлогот е пораз за дипломатијата и пораз за Македонија. Мора да се стави крај на поразите, тапкањето во место и ударите врз идентитетот затоа што е премногу. Затоа ве повикуваме и на масовен протест за промени пред влада утре со почеток во 20 часот. Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ _______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. https://www.youtube.com/watch?v=oRpTtoNf-wc  

Остани поврзан