• сабота, 23 ноември 2024

Томислав Османли добитник на кинеска книжевна награда

Томислав Османли добитник на кинеска книжевна награда

Скопје, 13 јули 2023 (МИА) - Томислав Османли за српското издание на романот „Брод. Конзархија"  е еден од двајцата победници во категоријата за роман на кинескиот книжевен конкурс „Zheng Nian Cup" 2023 распишан од Музејот на литературата за свесност во Пекинг.

Српското издание на „Брод. Конзархија"  е во издание на „Агора“ од Нови Сад и во превод на Сашо Огненовски. Во Србија романот излезе од печат минатата година, а изворно беше објавен од издавачката куќа „Магор“ во 2016 година. 

Се работи за дистописки роман чие дејство се случува во 2039 година, во една драстично сменета, општествена, економска и политичка, сосем вируелизирана реалност.

На конкурсот за кинеската награда,  покрај нашиот автор, во категоријата „Роман“ иста награда доби и романската писателка Мариана Кунбар Селма.  

„Zheng Nian Cup" 2023 е голем меѓународен и мултидисциплинарен уметнички натпревар и беше распишан за национални литературни творби од сите жанрови, како и за калиграфија, сликарство и фотографија. Организатори се повеќе институции и креативни групи. хс/ цр

Фото: архива на Томислав Османли

Остани поврзан