• вторник, 24 декември 2024

Томас Гринфилд: Русија има за цел да ја уништи Украина како геополитичка единица

Томас Гринфилд: Русија има за цел да ја уништи Украина како геополитичка единица
Вашингтон, 29 јули 2022 (МИА) - Амбасадорката на САД при ОН, Линда Томас Гринфилд, на денешната седница на Советот за безбедност на ОН посветена на ситуацијата во Украина изјави дека Русија „фактички ја запали Декларацијата на ОН“. Во декларацијата се посочува дека ООН се засновани на принципот на суверена еднаквост на сите членови на организацијата, и меѓународните спорови тие треба да ги решаваат по мирен пат. -Како што предупредувавме на почетокот на годината, веќе нема никакви сомнежи дека Русија има за цел да ја уништи Украина како геополитичка единица и целосно да ја избрише од картата на светот, изјави Томас Гринфилд. Заменикот на генералниот секретар на ОН по политички прашања, Розмари Дикарло, констатираше дека воениот конфликт во Украина преминал во „поразвлечена фаза“ и „за жал политичкиот дијалог практично престана“. Од руска страна имаше обвинување дека западните држави водат посредна војна против Русија со помош на снабдување со оружје за украинските војници. -Денацифицирањето и демилитаризацијата на Украина ќе биде спроведена целосно, изјави рускиот претставник во ОН Димитриј Пољански, користејќи ја терминологијата со која Кремљ се служи во описите на војната што ја води против соседната држава. -Повеќе не смее да има закани од таа држава ниту за Донбас, ни за Русија, ни за ослободената украинска територија. кб/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан