• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Томас Бах: Испративме многу важен сигнал со изборот на Ковентри

Томас Бах: Испративме многу важен сигнал со изборот на Ковентри

Кејп Таун, 21 март 2025 (МИА) - Шефот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах го коментираше изборот на Кирсти Ковентри за нов претседател. Поранешната пливачка од Зимбабве ќе биде првата жена на чело на штабот.

-Вчера испративме многу важен сигнал. Демонстриравме дека сме глобална организација. Јас бев деветти претседател на МОК. Првите осум беа Европејци, а деветтиот беше Американец. Ова не ја одразува реалноста во глобална организација како МОК, прокоментира Бах.

Германецот ги повика националните олимписки комитети и спортските федерации да го следат примерот на МОК, кој за претседател избра жена од Африка.

-Мислам дека климатските промени наскоро ќе бараат промени во спортскиот календар. На некои места Олимписките игри веќе не може да се одржуваат во август, но верувам дека мојот заменик ќе најде решение за овој проблем, заклучува Бах. дс

Фото: Архива

Остани поврзан