• недела, 24 ноември 2024

Токио почна да издава потврди за истополови партнерства

Токио почна да издава потврди за истополови партнерства
Токио, 1 ноември 2022 (МИА) - Градските власти на Токио денеска почнаа да издаваат потврди за истополови партнерства на лица кои живеат или работат во главниот град на Јапонија. Ова долго се очекуваше во земјата. Јапонија е единствена од групата седум индустриски најразвиени земји на светот што не ги признава истополовите партнерства. Во нејзиниот устав се наведува дека „бракот може да биде склучен само со согласност на двата пола“, пишуваат дел од светските медиуми. Со потврдата од градските власти на Токио, припадниците на ЛГБТК+ заедницата може да се третираат како брачни парови за одредени јавни услуги што се однесуваат на домување, здравство или социјална заштита. Областа Шибуја во Тикио беше прва што во 2015 година понуди такви потврди. Повеќе од 200 општини и локални власти потоа почнаа да издаваат вакви сертификати. Изминатите години, предводена од конзервативна десничарска партија, Јапонија направи мали чекори кон прифаќање на сексуалната различност. Околу 57 отсто од граѓаните се изјаснија за хомосексуален брак, додека 37 проценти беа против, покажа истражувањето на јавното мислење од 2021 година. бд/

Остани поврзан