• недела, 01 септември 2024

Тозиевски: Преспанските земјоделци повеќе нема да се соочуваат со проблем при пласман и цена на јаболкото

Тозиевски: Преспанските земјоделци повеќе нема да се соочуваат со проблем при пласман и цена на јаболкото
Ресен, 23 октомври 2021 (МИА) – Најголема заложба на кандидатот на ВМРО–ДПМНЕ за градоначалник на Општина Ресен Јован Тозиевски ќе биде јаболкото да стане стратешки производ, да нема проблеми со пласманот и цената, истакна при денешната посета на Преспа Цветан Трипуновски, партиски член. По средбата со преспанските земјоделци, тој забележа дека се соочуваат со тешкотии при пласманот на јаболкото, но и со ниската откупна цена. - Откупот со јаболкото е катасрофален, цените што се истакнати од страна на купувачите за индустриското е два денари, мизерно два денари, додека за конзумното е осум до 10 денари. Она што сакам да го потенцирам и покрај овие цени што се истакнати, откуп и пласман речиси да нема, земјоделците се цел ден на бавчите по нивите, го берат својот труд, меѓутоа пласманот останува не загарантиран, изјави Трипуновски. Тој се осврна на неодамнешното ветување на премиерот Зоран Заев за дополнителни три денари по килограм индустриско јаболко, за што, како што посочи, останале само празни зборови. - Пред речиси две недели од ова место Зоран Заев најави дека ќе даде дополнителни три денари за индустриското јаболко, меѓутоа тоа остана само празни зборови, ниту има измени на програма, ниту има некакво дејствие да знаат земјоделците дека на вистина ќе ги добијат тие 3 денари, рече Трипуновски. Кандидатот за градоначалник Тозиевски посочи дека, доколку ја добие функцијата, Преспанските земјоделци никогаш повеќе нема да се соочуваат со проблеми при пласманот на јаболката. - Како идна власт на локално ниво, а за краток период и на централно ниво, најголема заложба ќе биде, јаболкото да биде сратешки производ, никогаш повеќе да ги немаме овие маки со пласманот на јаболкото. Го произведуваме најубавото јаболко на светот, а го фрламе по реките ендеците и езерата. Најголемата заложба и најголемиот фокус на идната локална самоуправа ќе биде решавање на проблемот со јаболкото, изјави Тозиевски.сс/фф/

Остани поврзан