• недела, 24 ноември 2024

Тодор Анѓушев на конференција на “МАРЕС” - Потребни се брзи законски измени за да може вишокот електрична енергија да се складира во батерии

Тодор Анѓушев на конференција на “МАРЕС” - Потребни се брзи законски измени за да може вишокот електрична енергија да се складира во батерии

Надлежните државни институции во што е можно побрз временски период да ги завршат потребните законски и подазконски измени со кои ќе се дефинираат батериските системи како енергетски објекти, за истите да можат да се поставуваат, да се користат за складирање на вишокот електрична енергија и да се даде сигурност на инвеститорите да ги реализираат своите проекти. Ова го порача Тодор Анѓушев, извршен директор на компанијата ЕМС (Energy Maintenance Solutions), која е членка на групацијата Феро Инвест, говорејќи како панелист на првата меѓународна конференција во организација на новата Македонската асоцијација за обновливи извори - МАРЕС.


Тодор Анѓушев посочи дека иако батериските системи не се целосно еколошки, тие се многу потребни во случај кога има голем број на изградени фотоволтаици, како што е ситуацијата и во Македонија. Во своето излагање тој посочи дека групацијата Феро Инвест е лидер во обновливите извори на енергија во нашата земја, со над 15 години искуство во областа, а во своето портфолио има мали хидро електрани, фотонапонски централи, една биогасна електрана и трафостаници. Тој додаде дека Феро инвест нуди услуги по принцип „клуч на рака“ за обновливи извори и за други инвеститори, преку правна помош и поддршка, изработка на физибилити студии, проектирање, изградба и пуштање во употреба, па се до следење на работата на електраните и нивно одржување.

Анѓушев нагласи дека многу е важно да се реализираат проектите за обновливи извори кои се предвидени во Стратегијата за развој на енергетиката и тоа да се случува на начин како што е предвидено во стратегијата, за да развојот на енергетскиот сектор биде контролабилен и соодветен на нашиот електро-енергетски систем и притоа инвестициите да бидат исплатливи на среден и долг рок. Анѓушев упати честитки за формирањето на оваа асоцијација и изрази надеж дека истата ќе биде важен чинител во општеството која ќе помогне да се стимулираат нови инвестиции во обновливи извори на енергија, кои се иднина на енергетиката во Република Северна Македонија.

 

 

Department fot Public Affairs, Media Relations, Marketing and Protocol Fero Invest DOO Skopje Boulevard Kliment Ohridski 30 Skopje Republic of North Macedonia

E-mail: press@feroinvest.mk

Phone: +389 2 5514 000 Mob: +389 75 402 786

 

 

____________________________________________

MИА - ОТС Комерцијални соопштенија

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Тагови

Остани поврзан