• среда, 25 декември 2024

Тодоров: Го имаме во моментов најоптималниот состав

Тодоров: Го имаме во моментов најоптималниот состав
Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Тодоров смета дека за средбата со Естонија го има во моментов најоптималниот состав. - Ова е најоптималниот состав, имајќи го предвид здравствениот билтен и желбата на некои играчи. Навистина сум пресреќен што добив само еден негативен одговор од сите со кои разговарав. Исклучително важно за нас е да се подготвиме добро за натпреварот со Естонија, изјави Тодоров. Капитенот Војдан Стојановски посакува подготовките да минат без повреди и непредвидени ситуации. - Денес почнуваме со тренинзи и мислам дека имаме доволно доста денови за да се припремиме за натпреварот со Естонија кој е доста важен за нас. Имаме еден пријателски натпревар во меѓувреме и се надевам дека сите ќе биде здрави и ќе покажеме се од себе“  - додаде капитенот на селекцијата истакна Стојановски. КФСМ се потруди да им обезбеди соодветни услови за работа на репрезентативците. - Најважниот настан се ближи до реализација, се подготвувавме како федерација да обезбедиме најдобри услови што во моментов можеме и се надеваме дека тимот ќе биде задоволен. Успехот на репрезентацијата е успех на цела Македонија и се надеваме дека ќе се вратиме на големите европски натпреварувања. Ние сме повеќе концентрирани на натпреварот со Естонија, со кого го отвораме овој циклус. Сметам дека сме подобри и имаме реални шанси да победиме. Го одложивме и Купот за да бидеме повеќе посветени на репрезентацијата, рече на денешната прес-конференција спортскиот директор Тодор Гечевски. Натпреварот ќе се игра на 20 февруари во СЦ „Борис Трајковски“. зс/

Остани поврзан