• среда, 25 декември 2024

Тодоров: Во Талин ќе победиме поубедливо

Тодоров: Во Талин ќе победиме поубедливо
Скопје, 21 февруари 2020 (МИА) - Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Тодоров, по разочарувачкиот пораз (72:81) синоќа од Естонија, остана оптимист дека неговите избраници можат да изборат пласман на Европското првенство 2021. - Само поради начинот на кој ја одигравме втората четвртина, која ја загубивме со 20 поени разлика, ние не заслуживме да победиме на крајот. Дозволивме да влеземе во брза кошарка која противникот ја наметна, а знаевме дека тоа не смеевме да им го дозволиме. Згора на тоа, Естонците мечот го почнаа со таква агресија каква што е одлика на домашната екипа. Првпат по подолго време игравме пред полна сала, но тоа не го искористивме. Начинот на кој одигравме во второто полувреме, сепак, ми дава надеж дека сме на добар пат и дека можеме многу повеќе. Има нешто во овој состав и сигурен сум дека ќе ја победиме Естонија во Талин со десет и повеќе поени. Пред нас имаме осум месеци за надградување и напредок и сигурен сум дека не е сѐ решено околу патниците за ЕП 2021, изјави Тодоров. Слично размислува и крилниот центар Шејн Витингтон. - Одигравме добро второ полувреме, но кошарката е спорт што се игра две полувремиња, а ние не бевме на нивото во првите 20 минути. Естонија е добра селекција, го докажа тоа, ние се боревме до самиот крај, но не успеавме да се вратиме. Ќе се бориме до самиот крај на овие квалификации, нема да се предадеме на следните натпревари“-порача силното крило на нашиот национален тим. зс/

Остани поврзан