• среда, 27 ноември 2024

Тодоров пред натпреварот со Италија: Да покажеме дека знаеме да играме и со најсилните репрезентации

Тодоров пред натпреварот со Италија: Да покажеме дека знаеме да играме и со најсилните репрезентации
Перм, 18 февруари 2021 (МИА) - Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Тодоров е задоволен од она што неговите избраниците го одработија во седумдневните подготовки и очекува добар натпревар денес со Италија. - По точно една недела од првиот собир, од денеска ја почнуваме серијата од четири натпревари во период од пет дена. За нас ова е прв натпревар по пауза од точно една година. Се надевам дека ќе покажеме дека можеме да се „носиме“ со најсилните европски репрезентации како што беше случај минатиот февруари против Русија. Но во исто време и да потврдиме дека мечот со Естонија на домашен терен беше само лош ден, изјави Тодоров пред почетокот на „балонот“ во руски Перм. Италија и покрај тоа што игра „вон конкуренција“, досега, во овие квалификации дојде до три релативно лесни победи. Две од нив против Русија, како и на гостински терен со Естонија во ноемврискиот „прозорец“ на ФИБА Предводникот на нашиот сениорски состав добро ја познава италијанската селекција. - Оваа нова генерација на Италија игра многу брза кошарка. Транзицијата и шутот за три поени ѝ се најсилно оружје. Дела Вале и Ричи се носители на нивната игра.  Двајца кошаркари на кои треба да посветиме најголемо внимание, смета Тодоров пред дуелот кој стартува од 15:30 часот во арената „Молот“ во Перм. зс/

Остани поврзан