• недела, 17 ноември 2024

Тодориќ е убеден дека ќе го победи ХДЗ и дека ќе биде премиер на Хрватска

Тодориќ е убеден дека ќе го победи ХДЗ и дека ќе биде премиер на Хрватска

Загреб, 27 февруари 2024 (МИА) - Поранешниот сопственик на Агрокор, Ивица Тодориќ, со основањето на партијата Заједно Хрватска, чија регистрација се очекува во наредните две недели, официјално влезе во политичките води, убеден дека ќе ја победи ХДЗ, себеси се гледа исклучиво на премиерската функција, а еден од неговите адути е заедничката економска политика на земјите од регионот кон Брисел. 

Тодориќ вели дека по процедурата на основачкото собрание каде имало 120 членови и појавувањето во медиумите, за два дена членството се зголемило на 2.000, а очекува да ги има многу, во илјадници.

Иако, како што вели, никогаш не помислил дека ќе влезе во политиката, има многу критики за актуелната власт, која ја смета за одговорна за она што му се случи на Агрокор. Како аргумент за ова тврдење го истакнува фактот што од актуелната влада си заминаа десетина министри.

- Се кандидирав поради цела низа причини, не само една. Конечната причина е кога ја видов состојбата на граѓаните и државата Хрватска. Имено, (премиерот Андреј) Пленковиќ и неговите колеги... неверојатно е тоа што го прават и зборуваат. Треба да се срамат од себе. Треба да се срамиме да ги слушаме, изјави Тодориќ.

Тој ја критикуваше економската политика и откри што точно би направил на самиот почеток кога би можел да управува со државата.

- Неспорен факт е дека денес имаме таква ситуација во Хрватска што може да се донесат сериозни инвеститори и пари, ветува Тодориќ, додавајќи дека Хрватска и другите земји во развој се енормно експлоатирани од западните земји, потенцирајќи дека треба да се обединат и да бараат дополнителни пари од грантови за да се опорават. 

Тој тврди дека Агрокор не бил уништен, туку дека, како што наведува, на многу одлуки му претходела еден договор на ЕУ со рускиот претседател Владимир Путин.

- Се затворија цела низа работи за да можат да дојдат странци, тоа беше планот. Зад тоа стојат Путин и Меркел. Таа ги вовлече Брисел и Јункер, кој испрати човек, се вика Пленковиќ, овде како премиер. Тој Пленковиќ е предавник и нема врска со ништо, тој само ги извршувал наредбите, тврди Тодориќ.

Тодориќ нагласува дека „ќе ја создадат најдобрата влада што постои“.

-Ќе направам ураган кога ќе пристигнам, позитивно, преку ноќ, изјави Тодориќ.

Според него мора да се оди во најмалку три до четири чекори, а еден е владеење на правото.

-После три дена би дошол на телевизија и би кажал дека нема повеќе корупција. Би рекол дека јас одговарам за неа. Би сакал да испратам политичка порака, за да се знае дека политиката стои зад работите според законот, а на полицијата и другите органи е да си ја завршат работата. Вториот ден би повикал шест-седум премиери од регионот и би договорил средба, за да имаме заеднички став кон Брисел. Не политички, туку економски. Ве уверувам, за неколку месеци би ги започнал Борово и Ѓуро Ѓаковиќ. Имаме сила, знаење и подготвени сме, заврши Тодориќ. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан