• понеделник, 29 јули 2024

Товарен воз усмртил околу 30 овци кај Миравци 

Товарен воз усмртил околу 30 овци кај Миравци 
Гевгелија, 31 октомври 2022 (МИА) - Товарен воз усмртил околу 30 овци кај Миравци, потврди вечерва за МИА, Тони Ангеловски, помошник на министерот за внатрешни работи, за односи со јавноста. - Денес околу 15 часот во Полициската станица Гевгелија, било пријавено дека  во близина на железничка станица Миравци, товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје,  удрил во стадо овци, при што биле усмртени околу 30 овци, а повредени лица нема, појасни Ангеловски за МИА. Увид на местото врши екипа на Полициска станица Гевгелија. свд/цр фото:МИА архива

Остани поврзан