• четврток, 19 декември 2024

Товарен брод удрил во контејнерски брод во пристаништето Ахаркапи во Истанбул

Товарен брод удрил во контејнерски брод во пристаништето Ахаркапи во Истанбул

Истанбул, 23 јануари 2024 (МИА) - Товарен брод утринава удри во друг брод натоварен со транспортни контејнери во пристаништето Ахаркапи во Истанбул, јавија турските медиуми.

Ударот се случил додека товарниот брод долг 138 метри го фрлал сидрото во пристаништето. Сјајниот контејнерски брод, кој беше закотвен пред ударот, е долг 147 метри.

-Има значителни штети на двата пловни објекти, но за среќа нема жртви или повредени, а нема загадување во областа на ударот, се вели во соопштението на Управата за крајбрежна безбедност при Министерството за транспорт и инфраструктура. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан