Тобијас Билстром поднесе оставка од функцијата шведски министер за надворешни работи
- Шефот на шведската дипломатија Тобијас Билстром денеска соопшти дека се повлекува од функцијатa, две години откако беше назначен и оти повеќе нема да се занимава со политика.
Стокхолм, 4 септември 2024 (МИА) – Шефот на шведската дипломатија Тобијас Билстром денеска соопшти дека се повлекува од функцијатa, две години откако беше назначен и оти повеќе нема да се занимава со политика.
Тој на социјалната мрежа „Х“ напиша дека размислувал за тоа веќе некое време, и оти е горд на сето она што било направено во претходните две години.
- Тоа не беше лесна одлука, но нешто за што размислував некое време. Имав многу различни улоги во политиката во последните 25 години, од кои 10 како министер, прво како министер за миграција во коалициската влада и сега како министер за надворешни работи. Сега сосема ја напуштам политиката. Она што понатаму ќе го направам, се уште е отворено, напиша Билстром. јт/