• петок, 27 декември 2024

Тоа што е важно за Европејците, е важно и за Европа, порача Фон дер Лајен пред ЕП

Тоа што е важно за Европејците, е важно и за Европа, порача Фон дер Лајен пред ЕП

Брисел, 13 септември 2023 (МИА) - Иднината на нашиот континент зависи од изборите што ги правиме денес за чекорите што ги преземаме за да ја комплетираме нашата Унија. Народот на Европа сака Унија која ќе ги брани во време на конкуренција на големите сили, но и ги штити и стои блиску до нив, како партнер и сојузник во нивните секојдневни битки. И ние ќе го слушаме нивниот глас. Ако тоа е важно за Европејците, важно е и за Европа, нагласи денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во своето годишното обраќање за „Состојбата на Унијата“ на пред Европскиот парламент во Стразбур. 

- Сега е моментот да покажеме дека можеме да изградиме континент каде што можеш да бидеш тоа што си, да сакаш кого сакаш и да целиш високо колку што сакаш. Континент помирен со природата и предводник на новите технологии. Континент кој е обединет во слобода и мир. Уште еднаш ова е моментот на Европа да одговори на повикот на историјата, порача Фон дер Лајен.

Таа потести дека за нешто помалку од 300 дена, Европејците ќе излезат на избори за Европскиот парламент, што ќе ги натера да размислуваат за состојбата на ЕУ и за работата што ја вршат оние што ги претставуваат.

- Како што стојат во таа избирачка кабина, ќе размислуваат што им е важно. Ќе размислуваат за војната што беснее на нашите граници. Или влијанието на деструктивните климатски промени. За тоа како вештачката интелигенција ќе влијае на нивните животи. Или за нивните шанси да добијат куќа или работа во годините што следат. Нашата унија денес ја отсликува визијата на оние кои сонуваа за подобра иднина по Втората светска војна. Иднина во која Унијата на народи, демократии и луѓе ќе работи за да го сподели мирот и просперитетот. Тие веруваа дека Европа е одговорот на повикот на историјата, рече Фон дер Лајен, додавајќи дека во денешниот свет на неизвесност, Европа повторно мора да одговори на повикот на историјата.

Таа нагласи дека кога во 2019 година ја промовираше нејзината програма за зелена, дигитална и геополитичка Европа, некои се сомневаа дека тоа ќе се реализира.

- И тоа беше пред светот да се преврти наопаку со глобална пандемија и брутална војна на европско тло. Но, погледнете каде е Европа денес. Видовме раѓање на геополитичка унија – ја поддржува Украина, се спротивставува на руската агресија, одговара на наметливата Кина и инвестира во партнерства. Сега имаме Европски зелен договор како централен дел на нашата економија и неспоредлив по амбиции. Го поставивме патот за дигитална транзиција и станавме глобални пионери во онлајн правата. Ја имаме историската „Следна Генерација ЕУ“, комбинирајќи 800 милијарди евра инвестиции и реформи и создавајќи пристојни работни места за денес и утре.

Ги поставивме темелите за Здравствена унија, помагајќи да се вакцинира цел континент и големи делови од светот. Почнавме да станувале понезависни во критичните сектори, како што се енергијата, чиповите или суровините, истакна Фон дер Лајен.

Според неа, ЕУ постигна револуционерната и пионерска работа за родовата еднаквост, преку Директивата „Жени во одбори“ и историскиот пристап кон Истанбулската конвенција, а со Директивата за транспарентност на платите, се озакони основниот принцип дека еднаква работа заслужува еднаква плата.

- Не постои ниту еден аргумент зошто за ист вид работа жената треба да биде помалку платена од мажот, додаде претседтелката на ЕК, додавајќи дека не може да има вистинска еднаквост без слобода од насилство, за што треба да сеозакони принципот дека „Не, значи не“.

Таа се осврна и на Европскиот зелен договор, кој како што рече беше одговор на ЕУ на повикот на историјата, кој се роди од неопходноста да се заштити Планета со поставување на долгорочни цели за климата и целта за 2050 година.

- Климатската агенда ја префрливме на економска. Ова даде јасно чувство за насока за инвестиции и иновации. Европската индустрија секој ден покажува дека е подготвена да ја напојува оваа транзиција. Докажување дека модернизацијата и декарбонизацијата можат да одат рака под рака. Во последните пет години, бројот на фабрики за чист челик во ЕУ порасна од нула на 38, истакна Фон дер Лајен.

Според неа, европските компании сакаат конкурентност, но таа е добра само додека е фер, но често е поткопувана од огромни државни субвенции и неправедни трговски практики.

- Земете го секторот за електрични возила. Тоа е клучна индустрија за чиста економија, со огромен потенцијал за Европа. Но, светските пазари сега се преплавени со поевтини кинески електрични автомобили. А нивната цена се одржува вештачки ниска со огромни државни субвенции. Ова го нарушува нашиот пазар. Затоа, денеска можам да објавам дека Комисијата започнува истрага против субвенционирање на електрични возила што доаѓаат од Кина. Европа е отворена за конкуренција, но мора да се браниме од нефер практики, додаде претседателката на Еврокомисијата.

Според неа, ЕУ е горда на својата културна разновидност, како уникатен спој на јазици, музика, уметност, традиции, занаети и кујни, но воедно Европа е и континент на единствена биолошка разновидност.

- Европа е континент на шуми. Тие апсорбираат јаглерод диоксид, снабдуваат дрво и други производи, создаваат плодна почва и го филтрираат воздухот и водата. Биодиверзитетот и екосистемските услуги се од витално значење за сите нас во Европа. Губењето на природата ги уништува не само темелите на нашиот живот, туку и нашето чувство за тоа што претставува дом. Мора да го заштитиме, додаде Фон дер Лајен.

Таа се осврна и на безбедноста на храната и производство на здрава храна, кое како што рече, е основата на земјоделска политика на ЕУ, која е насочена на заштита земјоделците.

- Тоа не е секогаш лесна задача, бидејќи последиците од руската агресија врз Украина, климатските промени кои носат суши, шумски пожари и поплави, како и новите обврски имаат се поголемо влијание врз работата и приходите на земјоделците. Затоа сакаме да започнеме стратешки дијалог за иднината на земјоделството во ЕУ. Јас сум и останувам убедена дека земјоделството и заштитата на природниот свет можат да одат рака под рака. Ни требаат и двете, потенцира Фон дер Лајен.

Според неа, ЕУ се соочува со три главни економски предизвици - недостигот на работна сила и обучени работници, инфлацијата и сложената бизнис климата.

Таа потенцира дека како резултат на политиките на ЕУ, Европа е блиску до целосна вработеност и

наместо милиони луѓе да бараат работа, милиони работни места бараат луѓе, што резултира со недостиг на работна сила.

- Во екот на туристичката сезона, рестораните и баровите во Европа работат со намалено работно време бидејќи не можат да најдат персонал. Болниците го одложуваат лекувањето поради недостиг на медицински сестри. И две третини од европските компании бараат ИТ специјалисти, додаде претседателката на ЕК.

Затоа, според неа, бидејќи недостигот на работна сила го попречува капацитетот за иновации, раст и просперитет, потребно е да се подобри пристапот до пазарот на трудот, што е важно за младите и за жените и за привелкување „квалификувана миграција“.

Таа додаде дека Европската централна банка работат напорно за да ја задржи инфлацијата под контрола, а Комисијата за намалување на цените на енергијата.

- Цената на гасот во Европа пред една година беше над 300 евра за мегават час. Сега е околу 35.

Затоа, треба да погледнеме како можеме да го повториме овој модел на успех во други полиња како критичните суровини или чистиот водород, истакна Фон дер Лајен.

Во однос на третиот предизвик за подобрување на бизнис климата и олеснување на европските компании да водат бизнис, таа најави дека до пред крајот на годината ЕК ќе назначи претставник на ЕУ за мали и средни претпријатија со цел да се слушне директно од нив кои се нивните секојдневни предизвици.

- Да бидеме искрени - ова нема да биде лесно. И ќе ни треба вашата поддршка. Затоа што ова е заеднички потфат на сите европски институции. Време е да го олесниме бизнисот во Европа. Но, на европските компании им треба и пристап до клучните технологии за да иновираат, развиваат и произведуваат, истакна Фон дер Лајен.

Според неа, кога станува збор за олеснување на бизнисот и животот важна е дигиталната технологија, но таа предизвика и сериозни предизвици.

- Дезинформации, ширење на штетна содржина, ризици за приватноста на нашите податоци. Сето ова доведе до недостаток на доверба и прекршување на основните права на луѓето. Како одговор, Европа стана глобален пионер на правата на граѓаните во дигиталниот свет. Создадовме побезбеден дигитален простор каде што се заштитени основните права, рече Фод дер Лајен.

Таа нагласи дека вештачката интелигенција е општа технологија која е достапна, моќна и прилагодлива за широк опсег на намени и цивилни и воени, но претставува и ризик заедно со другите ризици од општествени размери, како што се пандемии и нуклеарна војна.

- Значи, имаме стеснет прозорец на можности да ја водиме оваа технологија одговорно. Верувам дека Европа, заедно со партнерите, треба да го води патот кон новата глобална рамка за вештачка интелигенција, изградена на три столба: заштита, менаџирање и насочување. Го предложивме Законот за вештачка интелигенција - првиот сеопфатен закон за вештачка интелигенција за иновации во светот, рече Фон дер Лајен.

Таа се осврна и на предизвиците на ЕУ поврзани со случувањата во Африка, оценувајќи дека воените удари ќе го направи регионот понестабилен во наредните години и тој стана плодна почва за пораст на тероризмот, од што корист ќе има Русија.

- Ова е директна грижа за Европа - за нашата безбедност и просперитет. Затоа, треба да го покажеме истото единство на целта кон Африка како што покажавме за Украина, семта Фон дер Лајен.

Таа ја обвини Русија дека води тотална војна против основните принципи на Повелбата на ОН, што предизвика огромна загриженост во земјите од Централна Азија и Индо-Пацификиот регион дека би можеле да се соочат со истата судбина како Украина.

- Гледаме јасен обид на некои да се вратат на блоковото размислување, обидувајќи се да ги изолираат и поделат земјите. Тие грижи се легитимни. Сакаме да ги водиме напорите да го направиме редот заснован на правила поправеден и да ја направиме дистрибуцијата поеднаква, порача Фон дер Лајен.

Конфликтите, климатските промени и нестабилноста, според неа, ги туркаат луѓето да бараат засолниште на друго место, што ја поттикнува миграцијата.

- Отсекогаш сум имал цврсто убедување дека миграцијата треба да се управува. Потребна е издржливост и трпелива работа со клучните партнери. Ова е духот на Новиот пакт за миграција и азил и духот на Пактот го преточивме во практични решенија. Тесно соработувавме со нашите партнери од Западен Балкан и ги намаливме мигрантските текови. Потпишавме партнерство со Тунис што носи взаемна корист надвор од миграцијата – од енергија и образование, до вештини и безбедност. И сега сакаме да работиме на слични договори со други земји, рече Фон дер Лајен, повторувајќи го при тоа повикот за прием на Бугарија и Романија во Шенген зоната. сп/

Остани поврзан