• четврток, 26 декември 2024

Тијаго се збогува со Баерн: Ова е најтешката одлука во мојата кариера

Тијаго се збогува со Баерн: Ова е најтешката одлука во мојата кариера
Минхен, 18 септември 2020 (МИА) - Играчот за врска на Баерн (Минхен), Тијаго Алкантара се прости од клубот преку видео и писмено соопштение, кое го објави на социјалните мрежи. По седумгодишен престој на „Алијанц Арена“, шпанскиот репрезентативец се соочува со трансфер во Ливерпул. Еве го целото обраќање на Тијаго: „Да, ова е најтешката одлука во мојата кариера. Одлучив да го затворам ова поглавје во овој прекрасен клуб. Клубот во кој пораснав и се развив како играч во последните 7 години. Победи, успеси, моменти на задоволство, како и некои тешки периоди. Но, она на што најмногу сум горд е што пристигнав во Минхен како млад човек полн со соништа и го напуштам целосно задоволен и идентификуван со Клубот, историјата, филозофијата, јазикот и културата. Тука научив како да ја сакам и почитувам традицијата со која сега се збогувам, но никогаш нема да ја заборавам: „Миа Сан Миа“. Јас и моето семејство имавме неверојатни моменти во градот, во клупската база и, се разбира, во нашата сакана „Алијанц Арена“. Со тебе, моето семејство Баерн, кое толку добро се однесуваше кон мене и ме сакаше секоја секунда. Мојата одлука е целосно поврзана со спортскиот аспект. Како фудбалер, сакам и ми требаат нови предизвици да се развивам, како што направив тука. Баерн секогаш ќе биде мојот дом. Вечна благодарност до Баерн! “

Тагови

Остани поврзан