• сабота, 23 ноември 2024

Турк: Русија да ги укине законите што ја дискриминираат ЛГБТ заедницата

Турк: Русија да ги укине законите што ја дискриминираат ЛГБТ заедницата

Њујорк, 30 ноември 2023 (МИА) - Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк, ја осуди одлуката на рускиот Врховен суд со која ЛГБТ активистите се категоризираат како екстремисти и ја повика Москва да ги укине законите кои ја дискриминираат ЛГБТ заедницата, јавуваат британските медиуми.

„Ги повикувам руските власти веднаш да ги укинат законите кои наметнуваат несоодветни ограничувања на работата на бранителите на човековите права или ја дискриминираат ЛГБТ заедницата“, се наведува во соопштението на Турк. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан