• четврток, 26 декември 2024

ТИРЗ почнува со серијата настани во рамки на проектот „Иднината почнува дома“

ТИРЗ почнува со серијата настани во рамки на проектот „Иднината почнува дома“

Скопје, 2 април 2024 (МИА) - Со панел сесии посветени на младите, ТИРЗ денеска ја почнува серијата настани во рамки на проектот „Иднината почнува дома“.

Во фокусот на панелите, како што најавува ТИРЗ, ќе бидат образованието и можностите за младите, како да се премости јазот, улогата на младите во донесувањето на одлуките, како и врските во заедницата. Панелисти се дел од првата генерација амбасадори во рамки на проектот „Иднината почнува дома“, кои ќе ги споделат своите искуства и препораки, а ќе понудат и практични совети како инспирација за следната генерација млади лидери.

На настанот ќе биде претставена и Студијата на демографски движења на Државниот завод за статистика.

-Целта на овие настани е да се поттикне младите луѓе да дискутираат, да истражат како да ги искористат можностите што им се достапни за професионален раст и развој на кариерата во нашата земја, како и да произлезат конкретни предлози, иницијативи и мерки со кои младите ќе се наметнат како глас во општеството кој ќе работи за позитивни промени во сите сфери што ги засегаат, велат од ТИРЗ. мч/aa/

Фото: ТИРЗ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан