• среда, 25 декември 2024

Тинејџерот Гију од Барселона во Челзи

Тинејџерот Гију од Барселона во Челзи

 

Мадрид, 1 јули 2024 (МИА) – Челзи официјално го ангажираше денеска тинејџерот од Барселона, Марк Гију (18), откако премиерлигашот ја плати откупната клаузула од шест милиони евра, објави весникот „Мундо Депортиво“.

Гијом запиша седум настапи за првиот тим на Барселона, постигнувајќи голови против Атлетик Билбао како и против Антверпен во Лигата на шампионите.

Гију минатата недела ги мина медицинските прегледи во Лондон и денеска потпиша петгодишен договор со опција за уште една дополнителна година, со што ќе се обврзе долгорочно во Челзи до 2030 година.

„Голема радост е да се потпише договор со Челзи. Од дете, мојот сон беше да играм во Премиер лигата. Сега имам можност да дојдам во Челзи и да работам напорно за да бидам успешен со Челзи“, изјави Гију за клупскиот сајт на лондонскиот премиерлигаш. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан