• сабота, 28 декември 2024

Тим од 8 аналитичари ќе ја прави селекцијата во Манчестер јунајтед

Тим од 8 аналитичари ќе ја прави селекцијата во Манчестер јунајтед
Манчестер, 3 март 2020 (МИА) - Манчестер јунајтед ќе се потпре на сосема нов пристап кон летната селекција, пишува „Атлетик“. Клубот има намера да ангажира тим од 8 аналитичари за да ги избере најсоодветните играчи за привлекување и со тоа да ја избегне драмата на зимскиот трансфер-прозорец, кога „црвените ѓаволи“ со голем труд успеаја да го земат Одион Игало во последните минути пред да се затвори прозорецот. Затоа од „Олд Трафорд“ планираат да ги испланираат многу повнимателно и пометодично чекорите што ќе ги преземат во текот на летото за зајакнување на тимот. За таа цел, клубот ќе собере тим од осум истакнати аналитичари за трансфери, кои имаат солидна база на податоци за различни играчи. Тие ќе имаат за задача да ги изберат најсоодветните играчи што ќе бидат привлечени во клубот. Покрај тоа, тие ќе ѝ помогнат на академијата, како и на медицинскиот штаб.

Остани поврзан