• понеделник, 29 јули 2024

Тим од трета лига го отстрани Атлетико од Купот на Шпанија

Тим од трета лига го отстрани Атлетико од Купот на Шпанија
Леон, 24 јанаури 2020 (МИА) - Тим кој се натпреварува во третата шпанска лига, Леонеса го направи најголемото изнанеадување за Кралскиот куп на Шпанија, откако го елиминираше големиот Атлетико Мадрид. Скромниот тим ја совлада екипата на Диего Симеоне со 2: 1 по дополнителното време. Анхел Кореа им донесе предност на „јорганџиите“ во 62-та минута, но домаќините немаа намера да се предадат и ја вратија неизвесноста во 83-та минута со гол на Хулен Кастанеда. Серхио Бенитез беше прецизен во 108-та минута, а тимот од главниот град во преостанатите минути не успеа да одговори соодветно. Уште три клуба од Примера дивизион го напуштија Купот. Мирандес ја совлада Селта со 2:1 по дополнителното време, Еибар загуби од Бадахоз со 1-3, а Бетис беше елиминиран од Рајо Ваљекано по изведување на пенали со 2:4 (2:2 во регуларното време).

Остани поврзан