• петок, 27 декември 2024

Тимот на САД ги предупредува своите спортисти да не ја критикуваат Кина поради ситуацијата со Ујгурите

Тимот на САД ги предупредува своите спортисти да не ја критикуваат Кина поради ситуацијата со Ујгурите
Вашингтон, 19 јануари 2022 (МИА) - Тимот на САД побара од своите спортисти за време на Олимпијадата во Пекинг, да не ја критикуваат Кина за ситуацијата со Ујгурите. Ова го соопшти поранешниот американски скијач Ноа Хофман. - Спортистите имаат одлична платформа за комуникација, можност да бидат лидери во општеството, но нивниот сопствен тим не им дозволува да поставуваат непријатни прашања и да иницираат важни прашања. Но, да бидам искрен, би ги советувал спортистите да молчат во Пекинг 2022 година, бидејќи од тоа зависи нивната безбедност. Тие ќе можат да зборуваат кога ќе се вратат дома, рече Хофман. САД и голем број други земји најавија дипломатски бојкот на Олимпијадата во Пекинг во 2022 година поради угнетувањето на домородното население на еден од регионите - Ујгурите. зс/

Остани поврзан