• среда, 25 декември 2024

Тимот на Навални тврди дека руската ФСБ, а не Навални, стои зад убиството на рускиот блогер

Тимот на Навални тврди дека руската ФСБ, а не Навални, стои зад убиството на рускиот блогер

Москва, 3 април 2023 (МИА) - Тимот што го поддржува затворениот дисидент Алексеј Навални силно ги отфрли обвинувањата на руските власти дека личноста осомничена за убиство на проруски блогер е поврзана со Навални, инсистирајќи дека зад убиството стои руската тајна служба, јави ДПА.

Опозициските активисти Иван Жданов и Леонид Волков, кои живеат во егзил во странство, денеска изјавија дека агенти на ФСБ се одговорни за убиството на Владен Татарски.

- Апаратот на власт со години се обидува да закачи терористички активности врз опозицијата, рече Жданов. Ваквите обвинувања на Комитетот за борба против тероризмот се чувствителни бидејќи Навални наскоро ќе треба да одговара за екстремизам во ново кривично дело.

Дваесет и шестгодишна жена која, според истражителите, била поврзана со тимот на Навални, е во притвор за убиството на Татарски, блогер близок до Кремљ.

- За руските истражители, обвинението дека Навални е вмешан во убиството е погодно, бидејќи тоа значи дека Навални може да биде осуден на максимална казна за тероризам, рече Жданов.

Тој и Волков ја обвинија ФСБ дека со години организира политички убиства. ФСБ самата го „елиминираше“ овој блогер, кој исто така го критикуваше однесувањето на Министерството за одбрана на војната во Москва, пренесува ДПА.

Агентите „се трујат и се убиваат едни со други, ги делат своите територии. Овие случаи едноставно не се сите јавни, рече Жданов.

Целта на разузнавачите беше лажно да ја обвинат антикорупциската фондација на Навални. Ним не им треба само надворешниот апсолутен непријател во обликот на Украина, туку и внатрешен непријател во обликот на тимот на Навални“, рече Жданов.

Волков рече дека „семоќната тајна служба“ инаку ја имала ситуацијата под контрола, но сега дозволиле вакво нешто да се случи сред бел ден, и тоа од сите места - баш во центарот на Санкт Петербург - тоа зборува за ФСБ како одговорна страна

Повеќе од 30 лица се повредени во вчерашната експлозија во кафуле во Санкт Петерсбург. Во експлозијата загина познатиот руски воен блогер Владен Татарски. ссм/

Остани поврзан