• среда, 25 декември 2024

Тимот на „Лајка“ заловува бездомни кучиња во општина Гази Баба

Тимот на „Лајка“ заловува бездомни кучиња во општина Гази Баба

Скопје, 13 јуни 2023 (МИА) - Tим на ЈП „Лајка“ оваа недела ќе заловува бездомни кучиња во општина Гази Баба, во реоните Железара, фабрика „Железара“, Автокоманда, Ќерамидница, Маџари, Ченто, Инџиково, Стајковци, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово, информираат од претпријатието.

- Втората недела од стратешкото заловување, од 19 до 23 јуни, нашиот тим ќе заловува во Раштак, Булачани, Виниче, Црешево, Смилковци, Страчинци и Брњарци. Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче, што ќе го сретне во овие реони, а кое го нема поминато хуманиот третман. Доколку граѓаните од гореспоменатите реони имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на info@lajka.com.mk. Исто така, граѓаните може и да помогнат во акцијата, со тоа што сами би пријавиле бездомно куче, кое можат сами да го донесат во стационарот со претходна најава, се појаснува во соопштението. бд/дма/

Фото: ЈП „Лајка“

Остани поврзан