Тимот на кампањата на Трамп: Харис ќе биде уште полоша од Бајден
- Тимот на кампањата на Доналд Трамп ја нападна заменик-претседателката Камала Харис откако Џо Бајден ја поддржа да го заземе неговото место во Демократската партија.
Вашингтон, 21 јули 2024 (МИА) - Тимот на кампањата на Доналд Трамп ја нападна заменик-претседателката Камала Харис откако Џо Бајден ја поддржа да го заземе неговото место во Демократската партија.
Тие нагласуваат дека таа ќе биде „уште полоша“ од лидерот во заминување.
-Харис ќе биде уште полоша за народот на нашата нација од Џо Бајден. Харис цело време беше главен поттикнувач на згрбавениот Џо, се вели во изјава на тимот на кампањата на Трамп. мс/
фото: ЕПА