• сабота, 16 ноември 2024

„Тиктокерка“ останала и без патување на Бали, и без 1.200 евра

„Тиктокерка“ останала и без патување на Бали, и без 1.200 евра

Бризбејн, 14 ноември 2024 (МИА) - „Тиктокерката“ Рене Ридер требало да полета од австралиската сојузна држава Квинсленд на одмор за Бали, но не стигнала ниту до авионот бидејќи персоналот на аеродромот забележал проблем со нејзиниот пасош. 

Имено, на страницата со нејзината фотографија, веднаш до рокот на патната исправа, имало мала жолта дамка и неколку црни дамки. Поради сѐ тоа, девојката останала и без патувањето, и без 1.200 евра, бидејќи парите за билетот не ѝ биле вратени.

- Ми рекоа дека пасошот е оштетен и оти нема да се качам во авионот. Се чувствував како криминалец. Бев возбудена поради ова патување на Бали. Ова беше мој миг. Ако мислев дека тоа ќе биде проблем, очигледно ќе извадев нов пасош, раскажува Рене низ солзи.

Таа објасни и оти дамката на пасошот ја има од 2022 година, а таа и порано била на индонезискиот остров Бали, па тогаш никој не ѝ правел проблеми. Нејзината порака е патниците да внимаваат и на вакви ситници, за да не доживеат вакви непријатности.  си/

Фото: Јавна Фејсбук-објава, фотоисечок

Остани поврзан