• среда, 25 декември 2024

Тиквеш и Камник меѓу добитниците на трофеи за најдобри вина на саемот „Винска Визија на Отворен Балкан“

Тиквеш и Камник меѓу добитниците на трофеи за најдобри вина на саемот „Винска Визија на Отворен Балкан“

Белград, 24 ноември 2024 (МИА) - Српската вицепремеирка Ирена Вујовиќ на третиот саем „Винска визија на Отворен Балкан“ синоќа ги додели трофејните награди за најдобри вина на саемот, меѓу кои се и наградите за македонските винарии Камник и Тиквеш, јави дописникот на МИА од Белград.

Меѓу наградените во повеќе категории, а по одлука на меѓународно стручно жири кое оценуваше над 900 примероци вина, во категоријата Национален трофеј на Отворен Балкан за најдобро вино од Северна Македонија беше прогласено виното на Тиквеш- Bela voda red 2021 Tikveš Chateaux&Domanines.

За најдобро црвено вино од автохтона сорта прогласен е Вранец на винаријата Камник- Terroir grand rezerva 2020 Chateau Kamnik.

Оваа винарија доби уште една награда за најдобро розе вино- Pure elegance rose 2023 Chateau Kamnik.

Вицепремиерката Вујовиќ, која во име на Владата на Србија ги додели наградите на најдобрите винари, рече дека на стручното жири не му било лесно да донесе одлука меѓу многуте успешни винари од целиот регион кои ги собрала визијата на Отврен Балкан и што ја претвори оваа винска манифестација во еден од најдобрите саеми во Европа.

-Важно е овде да се соберат луѓето од Отворениот Балкан и сите оние кои ја поддржуваат таа визија, токму за да покажеме дека заедно можеме да направиме добра работа и голем резултат, да ги подигнеме нашите економии и да работиме за доброто на нашите народи, рече Вујовиќ на доделувањето на наградите.

Саемот Винска Визија на Отворен Балкан кој се одржува под покровителство на владите на Србија, Северна Македонија и Албанија, собра околу 650 изложувачи од 38 земји од светот. Половината од изложувачите беа од земјите на Отворен Балкан, од кои 80 винарии и дестилерии беа од Северна Македонија.

Саемот го отворија српскиот претседател Александар Вучиќ, македонскиот премиер Христијан Мицкоски и премиерот на Албанија Еди Рама (преку видео врска).

Саемот за вино важи за трет по големина вински саем во Европа.об/вј/

Фото: Винска визија на Отворен Балкан 

Остани поврзан