• среда, 18 декември 2024

Тиквеш и Камник добитници на Винскиот трофеј Отворен Балкан за автохтони сорти и сортата „оранж“ на Првиот меѓународен саем „Винска визија Отврен Балкан“

Тиквеш и Камник добитници на Винскиот трофеј Отворен Балкан за автохтони сорти и сортата „оранж“ на Првиот меѓународен саем „Винска визија Отврен Балкан“
Белград, 3 септември 2022 (МИА) - На третиот ден од меѓународен саем „Винска визија Отворен Балкан“ на земјите членки Србија, Северна Македонија и Албанија на Белградскиот саем, винариите Тиквеш и Камник се добитници на Винскиот трофеј Винска визија Отворен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград. Српската премиерка Ана Брнабиќ, наградите Винскиот трофеј Отворен Балкан за најдобра автохтона сорта ја додели на Тиквеш за виното Барово-црвено 2019 и Винскиот трофеј Отворен Балкан за сортата „оранж“ на Камник за виното Оранж-2019. За време на траење на Саемот, вината ги оценуваше жири составено од 25 меѓународни судии, од кои пет беа „мастери на виното“. Натпреварот се организираше во категориите бели, црвени, розе, пенливи, слатки, портокалови и збогатени вина, а посебни трофеи ќе бидат доделени на вина направени од автохтони сорти од Балканот. На саемот учествуваа речиси 400 излагачи и производители на вино од повеќе од 22 земји, пред се од Србија, од Северна Македоија (42 винарии), Албанија и земјите од регионот, но и од целиот свет, Јужна и Северна Америка и Централна Европа. Премиерката Ана Брнабиќ на доделувањето на наградите кажа дека со овој Саем, земјите членки на ОБ докажаа што се можат на Европа и светот да им понудат. -Виното ни помогна, и сите вие винарири, лозари, дестилерии ни помогнавте една брилијантна политичка идеја уште повеќе да ја зацврстиме, да отвриме нови перспективи за нашата соработка на Балканот и да привлечеме и други партнери од регионот, пред се БИХ и Црна Гора. Овој саем на ОБ покажа дека имаме што да понудиме, изјави Брнабиќ на доделување на наградите. На меѓународен саем „Винска визија Отворен Балкан“што се одржува од 1 до 4 септември на Белградскиот саем присуствуваат над 350 излагачи од 39 земји од кои 160 излагачи од Србија, 26 од Албанија, додека 47 излагачи се од Северна Македонија. Покрај земјите-членки на Отворениот Балкан, изложувачи има и од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Франција, Чиле, Аргентина, Италија, Романија, Молдавија, Јужна Африка и други земји. Со оглед дека и храната е во фокусот, како вид традиција, има и пет мастер шефови од Северна Македонија, од Србија и од Албанија, како и специјален гостин изненадување. На манифестацијата има купувачи од ЕУ, САД, Кина и други земји од Истокот. Вкупно 300 метри квадратни, се резервирани за туризмот, каде е присутна и македонската Агенција за промоција на туризмот. Според организаторите, само првиот ден од саемот имало 420 состаноци на стопанственици. Северна Македонија под слоганот „Вкуси го животот” на Саемот учествува со 42 винарии и три дестилерии кои ќе промовираат преку 300 различни вина и ракии, како и производители на храна кои ја претставуваат автентичната македонска кујна. об/аа/

Остани поврзан