• среда, 13 ноември 2024

Тиквешка винска езерска регата в сабота на Тиквешко Езеро

Тиквешка винска езерска регата в сабота на Тиквешко Езеро

Кавадарци, 14 август 2023 (МИА) – Тиквешка винска езерска регата со чамци ќе се реализира во сабота на Тиквешко Езеро, информираа попладнево од Здружението „Винотек“ од Кавадарци. Оттаму ја најавија и агендата на активности во рамките на регатата по езерото.

- Во рамките на регатата ќе има посета на Полошки манастир „Свети Ѓорѓија“. Обиколка, разгледување и запознавање со историјата на манастирот од страна на свештено лице. Ќе се посетат и Бегнишкиот залив и карпестата црква „Свети Лазар“. Предвидени се и одмор и релаксација и капење во езерските води. Во план е и посета на споменикот на 12 Ваташки младинци, а ќе се разгледа и манастирот „Свети Никола“ во Ваташа. Свечениот ручек е во манастирските конаци, соопштија од Здружението.

„Винотек“ се залага за промоција на производите од грозје и винскиот туризам во Тиквешијата, како најголем лозаровинарски регион во државата. свд/ир

Фото: „Винотек“

Остани поврзан