Тиквешани по потекло од Бохула бараат да се реновира споменикот на Доне Попов во селото
- Тиквешани по потекло од кавадаречко Бохула бараат да се реновира спомен обележјето на Доне Попов во селото.
Кавадарци, 26 март 2024 (МИА) - Тиквешани по потекло од кавадаречко Бохула бараат да се реновира спомен обележјето на Доне Попов во селото.
Љупчо Ташев, еден од тиквешаните кои бараат да се уреди спомен обележјето и просторот околу него денеска за МИА изјави посочи дека годинава се навршуваат 80 години од загинувањето на Попов.
- Ова спомен обележјето било направено во чест на првоборецот Доне Попов и уште тројца борци за слобода. Годинава, се навршуваат 80 години од загинувањето на Доне Попов, инаку прв братучед на мојот татко. Бараме, ова спомен обележје да се уреди и да не биде оставено на забот на времето и на заборавот, рече Ташев.
Ташев нагласи дека своевремено, во ова село имало и партизанска болница. свд/лв/
Фото: Љупчо Ташев