• четврток, 26 декември 2024

ТИКА му донираше на Уставниот суд компјутери и печатачи

ТИКА му донираше на Уставниот суд компјутери и печатачи

Скопје, 8 февруари 2024 (МИА) - Десет компјутери и исто толку печатачи му донираше Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)  на Уставниот суд. Како што рече претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, заблагодарувајќи се за донацијата, компјутерите ќе помогнат за поажурно работење на судиите и советниците.

Според Кацарска, ова не е прва донација од ТИКА за Уставниот суд.

-ТИКА долги години му помага на Уставниот суд, а денеска донираше 10 компјутери и 10 печатачи. Тоа е голема помош за нас. Компјутерите ќе помогнат за поажурно работење, како на судиите, така и на советниците на судот, рече Кацарска.

Според неа, ТИКА претходно донирала и финансиска поддршка за реновирање на салата за состаноци, средби и прес-конференции во Судот.

Координаторот на ТИКА во Скопје, Мехмет Бајрак, истакнаа дека денешната донација во компјутери и печатачи е продолжение на долгорочната соработка со Уставниот суд.

-Од 2005 година реализираме проекти, програми и активности во соработка со државни институции во Северна Македонија, почнувајќи од здравство, образование, култура, правосудство, инфраструктура, земјоделство и други значајни области. Многу големо значање за нас е соработката со државните институции на Северна Македонија. Досега, во правосудтсвото, имаме реализирано многу значајни проекти - во основни судови, Апелацискиот суд - Скопје, Врховниот суд, Судскиот совет, многу значајни соработки сме имале до денес, рече Бајрак.

Тој напомена дека соработката со Уставниот суд почнала во 2013 година со поддршка во техничка опрема, а продолжила во 2020 година со обезбедување поддршка во опрема и реновирање на салата за состаноци.

-Многу е важно ако придонесуваме за подобрување на условите во Судот и неговите вработени, потенцира Бајрак.

По промовирањето на донацијата, тој и Кацарска посетија неколку канцеларии во кои, како што рекоа, ќе бидат инсталирани компјутерите и печатачите. мч/дма/

фото: МИА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан