• четврток, 26 декември 2024

Тиграј: Бунтовниците ја уништија владината механизирана дивизија

Тиграј: Бунтовниците ја уништија владината механизирана дивизија
Адис Абеба, 24 ноември 2020 (МИА) - Судирите во Тиграј, регион во северна Етиопија, продолжуваат, а бунтовничките сили тврдат дека 21-та механизирана дивизија на етиопската армија е целосно уништена. Оваа информација не е потврдена од официјалните лица во Адис Абеба. Според странските агенции, телефонските и интернет врските се прекинати, а пристапот до зоната на конфликтот во Тиграј е строго контролиран. Соединетите Американски Држави повикаа на разговори за ставање крај на овој конфликт, во кој од 4 ноември загинаа стотици луѓе, а околу 40.000 избегаа во соседен Судан. паг/

Остани поврзан