• сабота, 23 ноември 2024

Тиаго Силва се враќа во Флуминенсе

Тиаго Силва се враќа во Флуминенсе

Рио де Женеиро, 7 мај 2024 година (МИА) – Бразилскиот фудбалер Тиаго Силва ќе се врати во Флуминенсе кога ќе му истече договорот со Челзи на крајот од сезоната.
Флуминенсе денеска објави дека 39-годишниот дефанзивец ќе му се приклучи на клубот како слободен играч.
Актуелниот освојувач на Копа Либертадорес го најави трансферот објавувајќи на социјалните мрежи фотографија од Силва во клупскиот дрес со порака: „Ѕверот се врати“.
Силва минатата недела објави дека нема да го продолжи договорот со Челзи.
Во својата клупска кариера Силва освои бројни трофеи. За Флуминенсе играше од 2006 до 2008 година, а во 2009 година се пресели во Милан. Три години подоцна потпиша договор со Пари Сен Жермен, а се пресели во Челзи во 2020 година и една година подоцна ја освои Лигата на шампиони. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан