• сабота, 23 ноември 2024

Тејтум се согласи на нов договор со Бостон, најголем во историјата на НБА

Тејтум се согласи на нов договор со Бостон, најголем во историјата на НБА

Бостон, 2 јули 2024 (МИА) – Џејсон Тејтум ќе потпише договор со Бостон Селтикс вреден 314 милиони долари. Ѕвездата на Бостон, се согласи на нов петгодишен договор со клубот.

Според „ESPN“, договорот со 26-годишниот Американец ќе биде за 314 милиони долари, вклучувајќи „опција за играч и трејд кикер“. Договорот ќе биде најголемиот во историјата на НБА.

Тејтум игра за Бостон од 2017 година. Во шампионската сезона на Селтикс 2023-24, тој одигра 74 натпревари, со просек од 26,9 поени, 8,1 скока и 4,9 асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан