• среда, 25 декември 2024

Тејтум: Сакав да придонесам повеќе на Олимпијадата

Тејтум: Сакав да придонесам повеќе на Олимпијадата

Бостон, 30 август 2024 (МИА) - Ѕвездата на Бостон Селтикс, Џејсон Тејтум повторно проговори за недостатокот на време за игра за време на Олимписките игри во Париз. Шампионот со Селтикс не беше меѓу претпочитаните опции на селекторот Стив Кер, пропуштајќи два од шесте натпревари за САД, кои станаа олимписки шампиони откако ја победија Франција во финалето.

-Сè прочитав. Во ерата на социјалните мрежи гледате апсолутно се. Гледате твитови, дискусии на луѓе на поткасти и ТВ емисии кои даваат свое мислење за тоа дали сте донеле добра одлука или не. Сакав да придонесам повеќе и никогаш досега не сум бил во ваква ситуација. Почнав да играм кошарка на 3 години во ИМКА и никогаш не сум бил клупа, така што тоа беше поинаков предизвик, вели Тејтум.

На констатацијата дека не погодил ниту еден од неговите удари, кошаркарот на Бостон истакна дека „чуден е ритамот на игра во репрезентацијата“.

-Никогаш не знаеш точно кога ќе ја добиеш топката, но сепак решив да шутирам, затоа што тоа го правев и претходно. Јас сум оптимист - верувам дека се се случува со причина и сигурен сум дека во иднина ќе дознаам зошто се случи тоа, изјави Тејтум. дс

Фото: Архива

Остани поврзан