• недела, 24 ноември 2024

Тешко повреден скопјанец, со „порше“ излетал од коловоз

Тешко повреден скопјанец, со „порше“ излетал од коловоз

Скопје, 11 март 2023 (МИА) - Околу 20:10 часот синоќа на автопатот Куманово - Скопје во атар на кумановското село Романовце, патничко моторно возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот скопјанец В.С., излетало надвор од коловозот, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

- По несреќата, В.С. бил пренесен во Ургентен центар - Куманово, каде од лекар му е констатирана тешка телесна повреда, појаснуваат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР - Куманово. бд/вј/

ФОТО: Архива

Остани поврзан