• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци 

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци 

Кавадарци, 21 март 2025 (МИА) - Со тешка телесна повреда рано изутринава се здобил 33-годишниот М.К. од Велес, додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци.

- Од Општа болница - Кавадарци рано изутрина во 2:30 часот било пријавено дека кај нив со тешка телесна повреда бил донесен М.К., на возраст од 33 години, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи - Велес.

Според пријавеното, М.К. од Велес се здобил со повредата при извршување на работни задачи во фабрика во Кавадарци.

Како што додаваат од СВР - Велес, за настанот биле известени јавен обвинител и трудова инспекција. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР - Кавадарци. свд/мд/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан