• понеделник, 18 ноември 2024

Тешко повреден работник во компанија во Кавадарци 

Тешко повреден работник во компанија во Кавадарци 

Кавадарци, 17 октомври 2024 (МИА) - Работник бил тешко повреден синоќа во компанија во Кавадарци, информираа денеска од СВР - Велес.  

- Синоќа во 20:20 часот во ОВР - Кавадарци, од кавадаречката болница било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.И.(45) од Кавадарци. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во фирма во Кавадарци. Увид бил извршен и за настанот бил известен трудов инспектор, соопштија од СВР - Велес. 

Раководителот на Итна медицинска помош - Кавадарци, Антоан Паракеов, појасни за МИА дека повредениот бил земен од компанијата со возило на Брза помош и пренесен во кавадаречката болница. Имал тешки повреди на главата и по дадената прва медицинска помош и востановени дијагнози, бил соодветно транспортиран до скопската Клиника за неврохирургија. свд/са/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан