• четврток, 03 октомври 2024

Тешко повреден мотоциклист по пад на коловоз кај  Тиквешко Езеро

Тешко повреден мотоциклист по пад на коловоз кај  Тиквешко Езеро

Кавадарци, 3 август 2024 (МИА) - Мотоциклист од кавадаречко Возарци се здобил со тешки телесни повреди по пад на коловоз, кај Тиквешко Езеро,  соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

-Синоќа во 22.30 часот во Полициската станица - Кавадарци било пријавено дека на локалниот пат, брана ХЕЦ Тиквеш - село Возарци, 31-годишниот Д.М.,  управувајќи мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во кавадаречката Општа болница, појаснија од СВР - Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР - Кавадарци. свд/вј/

Фото : МИА архива 

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан