• сабота, 27 јули 2024

Тешко повредено едно лице откако српско возило излетало од автопатот Неготино - Демир Капија

Тешко повредено едно лице откако српско возило излетало од автопатот Неготино - Демир Капија

Неготино, 17 мај 2024 (МИА) - Едно лице се здобило со тешки телесни повреди откако српско возило излетало од автопатот Неготино - Демир Капија, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Изутринава во 05.20 часот било пријавено дека на автопатот Неготино - Демир Капија, патничко возило „рено“ со српски национални ознаки, управувано од А.Ц., на возраст од 47 години од Република Србија, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 68-годишниот сопатник Х.Л.В., додека возачот и сопатниците А.В., на возраст од 43 години и В.Л., на 54-годишна возраст од Република Србија, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом - Неготино, појаснуваат од СВР - Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител. Увид на местото извршила екипа од ОВР Неготино. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан