• недела, 24 ноември 2024

Технолошки самит САД – ЕУ, договорено засилување на производството на полупроводници  

Технолошки самит САД – ЕУ, договорено засилување на производството на полупроводници  

Вашингтон, 30 септември 2021 (МИА) - САД и ЕУ синоќа на министерски состанок договорија продлабочена трансатлантска соработка за засилување на технолошките алки во производството на полупроводници, чиј недостиг во повеќе индустрии, според познавачите, се должи на непазарните трговски практики применувани од Кина. 

Исто така, договорен е и унифициран пристап за регулирање на активностите на големите технолошки компании, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Ова беше постигнато за време на првиот министерски Совет за трговија и технологија меѓу САД и ЕУ што вчера започна во Питсбург. 

На дводневниот самит по технологија учествуваат државниот секретар Ентони Блинкен, министерката за трговија Џина Рајмондо, трговскиот претставик на САД, Кетрин Таи и извршните потпретседатели на Европската комисија, Маргарет Вестагер и Валдис Домбровскис.  

Во заедничката изјава не се споменува Кина, но во текстот се говори дека „заедно продолжуваме да го заштитуваме нашиот бизнис, потрошувачите и работниците од нефер трговски практики, такви кои создаваат непазарна економја што го поткопува глобалниот трговски систем.“

Идејата да се одржи ваков технолошки самит беше промовирана во јуни, за време на посетата на претседателот Џо Бајден на Брисел. кб/паг/ 

Остани поврзан